Можеби ми е згрешено презимето , но не е важно.За таков човек – полтрон да не кажам некој потежок збор за професор и демек експерт нема грешка.
Еднаш со вас професорке полемизирав за тоа дали сте свесни во која држава живете кога ги отфрлате НАТО и ЕУ и за тоа колку ви се примањата што толку ви е убаво .Ми одговоривте дека живеете само од плата.А сега јас ви велам дека лажете а ако не лажете тогаш сте будала.
Ве слушам синоѓа на канал 5 по поводот упадот на власта во А1телевизија .Незнаеќи како да го оправдате упадот, почнавте со тоа дека било законски да се вршат контроли, па биле оној автобус од инспектори спречени да си ја вршат работата за на крај да треснете дека биле заложници во А1 и затоа морале да дојдат специјалци да ги ослободат.
Е па видете Ванковска ( повеќе не ви се обраќам со професорка, затоа што не заслужувате да бидете тоа , вие треба младите да ги учите на сопствено мислење и на правото на слободно искажана мисла.А вие на што ги учите, да бидат полтрони на власта.Затоа што само со полтронство се доаѓа до матерјална корист и напредок во општеството.), времето на Хитлеровиот фашизам практикувал вакви мерки.Хитлер во неговото време го палел бундестагот за да најде причина како да се пресмета со сите што не се согласуват со него.Вие сега вршите упади секаде онаму каде што другите не мислат како вас и фамилијата.Но има еден факт што не сте го земале во предвид а тоа е денешната технологија и техника.
Кога директорот на УЈП дава изјава дека инспекторите се заложници, овие од А1 веднаш со камери и микрофони отидоа да ги посетат инспекторите и ги прашуват дали се попречени во работата и дали се заложници оти така изјавил нивниот директор.Знаеш како изгледа инспекторите кога тоа ги прашуваа, како да паднале од марс.Едни го игнорира парашањето како да не го слушнале други нема коментар.Дали на вас тоа ви изгледаше на луѓе земани во заложниство.А за сметка на тоа видовме како не ги пуштат новинарите после завршувањето на работата како не можат да си одат дома.
Изгледа ги помешавте лончињата окулу заложништвото.
А како експерт дури и кажувате на таа телевизија биле гости само од опозицијата.Види мајката .На колку емиси сте и вие поканети да дебатирате , колку пати водителот на тие дебати има јавно кажано кој е поканет од партијата на власт и не се одѕива на поканата.Но затоа премиерот и министрите се редовни гости кај јади бурек кај криминалецот кој треба да лежи затвор .Зошто , затоа што таму има договорени прашања и таму само може да се фале без да биде прекинат.И не ти смета тоа што баш на таа телевизија каде што беше ти, на сител , бв и на другите владини телевизи нема гости од опозицијата . Тоа за тебе е нормално, а не е нормално на некоја телевизија да може и опозицијата да си го каже своето мислење.И ако такво нешто постои тоа треба да се уништи.Но за ваша жал си ги скршивте овој пат забите.Со оваа отидовте во историјата само уште ви фалат сопменици.
пс.Лупевска не ти е местото во таа телевизија.